Како нови за неколку минути: Спортскиот бренд Рибок открива лесен трик како брзо и ефикасно да ги избелите вашите патики
Белите патики секогаш изгледаат нежно и модерно, но имаат еден недостаток- многу брзо се валкаат, а со тоа го губат блескавиот изглед.
Се подразбира, при вакви ситуации не значи дека патиките треба да се фрлат, бидејќи денес ви откриваме еден многу лесен начин како да го вратите нивниот сјај и бела боја.
Како да ги исчистите вашите бели патики
Ќе ви биде потребно
- Брич
- Четка за заби
- Сода бикарбона
- Вода
- Отстранувач на лак за нокти
- Кислородна вода
- Малку средство за миење садови
Прв чекор:
Во длабок сад, додадете малку вода и 5 супени лажици сода бикарбона и користејќи четка за заби, добро измешајте ги состојките.
Втор чекор:
Во претходно добиената смеса, додадете 1-2 лажици од средството за миење садови и добро измешајте.
Трет чекор:
Следно, во смесата додадете 1-2 супени лажици кислородна вода (водороден пероксид) и смесата е готова!
Четврт чекор:
Потопете ја четката во добиената смеса и исчистите ги обувките, а потоа избришајте ја нивната површина со хартиена или мека крпа.
Ќе бидете изненадени колку брзо исчезнуваат нечистотиите.
Чекор 5:
Навлажнете памучен туфер со малку од отстранувачот на лак за нокти и избришајте ја површината на патиките.
Чекор 6:
Користејќи брич, отстранете ги несовршеностите при внатрешниот дел од патиките, како што е покажано на фотографијата.
Чекор 7
Исперете ги врвките на патиките, а потоа повторно вратете ги. Вашите патиките ќе изгледаат како нови!