„Како одлучив да не ја мијам косата 7 дена и како сепак успеав да изгледам совршено“
„Моето име е Полина и мојата секојдневна рутина за нега го вклучува и миењето коса. Љубоморна сум на луѓето кои ја мијат својата коса еднаш неделно, заштедувајќи многу време.
Дури и фризерите тврдат дека редовното миење на косата е опасно по нашето здравје, колку и чудно тоа да звучи, лојните жлезди се активираат со цел да го надоместат недостатокот од себум и косата станува валкана со брзината на светлината.
Со цел да излезам од овој маѓепсан круг, одлучив да не ја мијам својата коса една недела и сепак успеав да изгледам супер. Воедно одлучив со вас да ги споделам резултатите од својот експеримент.
Еден услов: Сама морам да си ги правам фризурите и на тоа трошам помалку од 15 минути секојдневно, скоро истото време што ми е потребно да ја измијам косата.“
Состојбата на косата за време на експериментот
Ден 1: Совршено чиста коса
„Првото утро ја измив косата и не направив никаква фризура. Она што е чудесно за чистата коса тоа колку свежо изгледа. Планирав да отидам на работа, а потоа на кафе со пријателка. Само ја исушив косата со фен и ставив мала шнола. Мислам дека изгледа многу убаво.“
- Користев: Елегантна шнола со панделка
Ден 2: Локни
„За да ја одржувам свежината на косата, мојот фризер ми предложи да го сменам патецот. Си направив локни и ги префрлив на страна, на која никогаш ја немам ставено косата. Тајната е едноставна: Косата се навикнува на еден патец, го губи волуменот во своите корени и започнува да се мрси во пределот каде е вообичаено патецот. Кога го сменив истиот, волуменот се врати и јас изгледав ново и различно. Дури му станав попривлечна и на мојот сопруг, а комплиментите не изостануваа и од останатите во друштвото.“
- Користев: Фигаро за коса
Ден 3: Ниско коњско опавче
„Сè уште имав малку локни од претходниот ден и одлучив да ги искористам. Ја исчешлав косата, така што таа стана поволуменозна и со коњското опавче успеав да го сокријам делот кој изгледаше најмногу валкано. Ставив малку лак за коса и ги покрив корените со очила за сонце- тие дополнително ми помогнаа да го сокријам фактот дека косата не ми е миена неколку денови. Изгледав средено, работев продуктивно, а вечерта имав семеен собир, на кој бев и повеќе од подготвена.“
- Користев: Лак за коса, стегач и очила за сонце
Ден 4: Плетенка
„Во овој момент, мојата коса беше навистина валкана и со цел да го сокријам тоа, користев шампон за суво миење. Навистина одлична алтернатива. Шампонот ја сокрива валканоста и создава обвивка околу масната коса и ја прави да изгледа почисто, барем за одреден период. Не можев косата да ја оставам пуштена, па затоа си направив плетенка.
Животен трик: Колку е подебела плетенката, толку подобро се сокрива валканоста. Дури отидов и во теретана со таа фризура. Се чувствував навистина удобно и фактот дека веќе 4-ти ден ја немав измиено косата, не ми пречеше.“
- Користев: Стегач за коса и шамон за суво миење
Ден 5: Мала пунџа на врвот
„По плетенката што ја имав претходниот ден, мојата коса беше сè уште малку брановидна. Одлучив дека најдобар начин да изгледам беспрекорно тој ден е да ја исчешлам малку косата при корените, за да создадам дополнителен волумен и да направам мала пунџа на врвот. Доколку имате навистина валкана коса и немате многу време, само истакнете ги добрите делови. Тие ќе го одвлечат вниманието од косата. А тоа е токму она што јас го направив.“
- Користев: Стегач и црни ситни шноли, кои не се гледаат
Ден 6: Целосна пунџа
„На 6-от ден беше роденден на мојот сопруг, што воедно беше одлична причина да си направам елегантна фризура. Никогаш не ни помислував колку не лесно да направиш таква фризура за свечена пригода. Ја исчешлав косата, врзав коњско опавче и го намотав околу сунѓерот наменет за правење пунџа. Крајниот резултат беше навистина совршен.“
- Користев: Сунѓер за пунџа, шноли кои не се видливи и стегач за коса
Ден 7: Додатоци за коса
„Зошто да не се искористи убавиот сончев ден за прошетка? Тоа е она што јас го направив на 7-от ден. Со цел да ја сокријам мојата валкана коса, ми требаше нешто многу повпечатливо- марама за коса. Избрав една во светли нијанси, која веднаш го привлекуваше вниманието. Си направи повторно пунџа и ја декорирав со марамата. Изгледаше извонредно.“
- Користев: Стегач, ситни шноли кои не се видливи и марама
Моите резултати
„Иако беше психички исцрпувачки процес, постојано да размислувам за мојата коса, овој експеримент ми влијаеше одлично“:
- Ја оставив косата да одмори од секојдневното миење
- Функцијата на лојните жлезди е подобрена и затоа сега скалпот помалку се масти
- Сега мојата коса е свежа дури до 3-4 денови
- Бидејќи престанав да ја мијам секојдневно, со тоа престанав и да го употребувам фенот, па косата сега е поеластична
- Забележав дека косата стана и поблескава и природно навлажнета
- Научив да правам разни фризури со разни додатоци за коса
- И добивам неверојатно многу комплименти
Колку често вие ја миете вашата коса?