Како одмараат мајките? (приказна)
Да бидеш жена и да работиш е тешко, но да работиш и да ги чуваш децата е уште потешко. Има една приказна за една мајка и нејзините три палави момчиња, кои еден ден по вечерата се играле во дворот „полицајци и разбојници“.
Едно од децата излегло пред мајка му и извикало: „Бам! Те убив!“
Таа веднаш паднала на земјата и бидејќи не станала, еден од соседите се загрижил и побрзал да види случајно да не се повредила кога паднала. Кога соседот се навалил над неа и ја прашал дали и е добро преморената мајка го отворила едното око и тивко му шепнала: „Шшш тивко, не ме издавај. Ова е моја единствена шанса за одмор.“
Иако ситуацијата звучи комично понекогаш на мајките навистина им недостасува одмор и колку и да ги сакаат нивните деца, сите тие доаѓаат во ситуација да посакуваат да „избегаат“ од таа дневна рутина барем на еден ден.