Како правилно да го уредите паричникот за да привлечете повеќе пари и богатство
Речиси секој човек сонува да ужива во огромно богатство, бидејќи во денешно време, финансиите влијаат на секој аспект од човечкиот живот.
Според експертите, меѓу бројните начини за подобрување на финансиската ситуација, постои и еден многу едноставен, а се однесува на уредувањето на самиот паричник.
Правилно уредување на паричникот
За да ги привлечете парите и богатството, неопходно е да го подготвите самиот паричник. Во истиот не треба да има кредитни картички со долгови, стари фискални сметки, фотографии, бидејќи се смета дека сите овие работи може да го попречат патот на финансискиот проток, односно патот на парите.
Исто така, важно е да го запазите редот по кој ги уредувате банкнотите, односно помалите треба да бидат поблизу до сопственикот, кога истиот ќе го отвори паричникот, а поголемите треба да се зад малите. Банкнотите треба да се мазни, без никакви оштетувања.
Поставување на ловоров лист
Во древен Рим, ловоровиот лист се сметал за олицетворение на волјата за победа, храброст и моќ, при што токму затоа, победниците на главата носеле ловоров венец.
Покрај чудесните лековити својства, ова растение истовремено се смета за најефикасно, кога станува збор за привлекување на парите, богатството и успесите на секое поле.
Земете 3 ловорови листови и нанесете неколку капки етерично масло врз истите. Следно завиткајте ги листовите во салфетка и поставете ги во пределот во паричникот, каде се поставени банкнотите.
По овој чекор, според древните верувања, потребно е да ги изговорите следните зборови: „Пари до пари, просперитет до просперитет“.
Од време на време, потребно е ловоровиот лист да се замени со нов лист со свежа арома на етеричното масло.