Дрво на парите: Како правилно да се грижите за него за да го привлечете богатството во вашиот дом
Сите ние сме слушнале за дрвото на парите и неговата моќ да му овозможи на сопственикот подобри финансиски услови. Но, како и секое растение, така и за ова чудесно дрво на парите, потребна е редовна и правилна грижа.
Експертите од областа на биоенергијата велат дека уште во првата минута од засадувањето на дрвото, потребно е да го држите растението на поблизу до вас, за да истото ја прими вашата енергија. Должината на гранките кои може да ги откинете од растението треба да бидат најмалку 4 центиметри долги.
Како да пресадите дрво на парите?
Постојат неколку варијанти како може да го пресадите дрвото, користејќи ги откинатите гранчиња. Во продолжение одберете го оној кој најмногу ви одговара вам:
- Тоа може да биде едноставно чаша со вода
- Или чаша покриена со влажен песок
- Оранжериски ефект: Саксија одозгора покриена со полиетиленска фолија
Во однос на почвата, најдобро е да изберете песочна почва за ефикасно засадување на дрвото на парите. Неговиот вид е сличен на кактусот, при што може да ја задржат влагата на подолг временски период.
Што се однесува до саксијата, изберете наједноставна, притоа да не биде длабока и на нејзиното дно поставете мали камења, за подобра дренажа. Се препорачува дрвото на парите да се засади во текот на есенскиот или пролетниот период, а честото полевање со вода не е неопходно. Едноставно може да ги прскате со вода неговите листови еднаш неделно.
Каде да го чувате дрвото на парите?
Најдобро е да го поставите растението близу до прозорецот, но не заборавајте дека доколку само една страна постојано е изложена на сончеви зраци, таа страна ќе расте повеќе и побујно, па затоа потребно е од време на време да го свртите растението, за да и двете страни поеднакво бидат изложени на Сонце.
Може да го потхраните растението со ѓубрива, кога ќе забележите дека му е потребно на дрвото.
Зошто треба да имате дрво на парите во домот?
Поради неговата посебна и чудесна моќ, важно е да знаете кои се препораките за ова дрво, според фенг-шуи:
- Доколку сакате да ги зголемите вашите финансии, поставете неколку монети на дното од саксијата;
- Дури и бојата на саксијата игра важна улога. Изберете црвена, портокалова или кафеава саксијa;
- Поставете го во насока на југоисток;
- Полевајте го растението исклучиво во Среда;
- Декорирањето на самата саксија дополнително ќе ги привлече парите;
- Доколку листовите на дрвото станат густи и бујни, тогаш ве очекува среќа и големо богатство, а доколку не, тогаш ве очекува спротивното.