Како пред 200 години: Бразилка со потемен тен на кожата проговори за тоа како богато семејство ја држело како робинка 38 години
Црна жена од Бразил проговори за тоа како богато семејство наводно ја држеле како робинка 38 години.
На само осум години, Мадалена Гордијано вели дека тропнала на вратата од домот на Марија дас Грачас Милагрес Ригуеира, молејќи за храна. Ригуеира и нејзиното семејство, од југоисточната бразилска држава Минас Гераис, биле богати и имале повеќе од доволно финансиски средства за да и овозможат удобен живот на Мадалена.
Кога Ригуеира, која работела како наставничка во училиште, се понудила да ја посвои Мадалена како свое дете, мајката на Мадалена се согласила, имајќи уште осум деца за кои се грижела, вклучувајќи ја и нејзината сестра близначка Филомена. Сепак, се шпекулира дека семејството Ригуеира не се однесувало кон Мадалена како кон свое дете.
Почитуваното семејство Ригуеира, наводно никогаш не дозволиле Гордијано да оди на училиште и никогаш не ја посвоиле, пренесува „Ел Паис“.
Следните 38 години, се вели дека Мадалена извршувала неплатена домашна работа за семејството, вклучувајќи готвење, миење, чистење бањи, прашина и средување.
Робинка во 21 век, Мадалена очигледно никогаш не добила плата за својата работа и никогаш не ѝ било дозволена слободно време. Се доека не била спасена, на 27 ноември, кога таа имала 46 години.
Зборувајќи со Фантастико-бразилското ТВ-шоу што ја раскажа приказната, Мадалена рече:
Отидов да побарам леб затоа што бев гладна, но таа ми рече дека нема да ми даде ако не дојдам и живеам со неа.
Семејството Ригеира, по се изгледа ја претворило Мадалена во извор на приход, мажејќи ја за стар роднина додека таа сè уште била во нејзините дваесети.
78-годишниот роднина имал воена пензија над 8.000 реалси месечно (1.300 евра) и Мадалена, која никогаш не живеела со него, ја наследила пензијата откако починал.
Сепак, Мадалена едвај ги видела парите кои ѝ биле потребни, бидејќи скоро сите влегле во џебовите на семејството Ригеира. Според извештаите, пензијата всушност била искористена за покривање на трошоците поврзани со медицинските студии на нивната ќерка.
Во еден момент за време на нејзиниот хорор, Мадалена била „подарена“ на синот на Ригуеира, професор по ветеринарство Далтон Милагрес Ригуеира, тоа станало вообичаена практика за време на ропството.
Професорот Далтон Милагрес Ригуеира рече дека ја обвинува неговата мајка за условите во кои ја чувала Мадалена. Оттогаш е суспендиран од работата на универзитетот каде предава. Адвокатот на семејството вели дека обелоденувањето на случајот од страна на обвинителот е „предвремено и неодговорно“, бидејќи сè уште немало судење и бара „претпазливо размислување“, пишува „Ел Паис“.
По спасувањето, Мадалена продилжува да ја прима месечната пензија, под надзор е од социјални работници и психолози, таа бара повторно да биде заедно со нејзиното биолошко семејство, пренесува MailOnline.