Како претераната добрина ги потикнува другите да се однесуваат грубо со вас – Еве како тоа лесно да го спречите
Од детството сме научени да не одговараме на лошото со лошо, туку со добро. Нè учат дека добрината е најдобриот начин за решавање на конфликтите и дека доброто секогаш победува.
Сепак, американскиот психолог Клифорд Лазар тврди дека ваквото однесување на еден начин му дава до знаење на оној што се однесува лошо со вас, дека токму со агресија ќе добие сè што ќе посака од вас.
Се сè сведува на фактот дека луѓето имаат тенденција да се држат до еден вид однесување што им овозможува да ги задоволат своите потреби и обратно – тие избегнуваат дејства што не водат до посакуваната цел.
Ова значи дека со убаво однесување кон личност која е постојано е груба кон вас, покажувате дека таквото неприфатливо однесување е дозволено и дека не ви пречи.
Со други зборови, со тоа што постојано покажувате љубезност, како одговор на грубост или агресија, всушност ја охрабрувате таквата личност да продолжи да се однесува лошо.
Се разбира, тоа не значи дека треба да се лутите секој пат кога ќе наидете на некој што се однесува несоодветно, но важно е да запомните дека не треба да бидете ниту претрано фини доколку личноста не знае да престане. Ако нешто не ви одговара, многу е важно да го известите навреме.
Како да ги спречите луѓето да бидат груби и агресивни кон вас:
Како да подобрите односот со самите себе, да се почитувате себеси повеќе и да не го дозволувате ова неприфатливо однесување:
- Не ги охрабрувајте ги луѓето да се однесуваат на начин при кој се чувствувате непријатно.
- Актерот Алан Алда еднаш дал одличен совет: Бидете искрени со луѓето, но одржувајте ги односите со луѓето само онолку колку што тие се искрени со вас.
- Научете да се спротивставувате и разумно да инсистирате на својот став.
- Не го охрабрувајте грубото однесување кон вас.
- Ако некој ве третира грубо и неприфатливо, кажете им го тоа. Нема потреба да се насмеете и да се преправате дека сè е во ред.