Како се чува љубовта: Мајката му даде еден единствен совет на нејзиниот син – Се чита 1 минута, се памети цел живот
Момчето било заинтересирано да добие совет од неговата мајка за тоа како се чува љубовта. Начинот на кој таа му го објасни значењето е нешто за кое секој од нас вреди добро да размисли.
Мајка и момче чекорале по прекрасната песочна плажа. Во еден момент момчето ја прашало неговата мајка: „Мамо, како се чува љубовта?”
Мајката го погледна и одговори: „Земи песок и стисни го во дланката“.
Момчето така и направило, но колку повеќе ја држело цврсто дланката, толку повеќе песокот паѓал од истата.
„Но, мамо, песокот бега од мене”. – рекло момчето.
„Знам, затоа сега целосно отвори ја дланката“. – рекла мајката.
Момчето ја послуша, но во тој момент ветрот дуваше и го одзеде целиот песок од дланката. „Сè уште не можам да го задржам песокот“. – рекло момчето.
Мајката одговори со насмевка на лицето:
„Сега земи малку песок во рака и држете ја дланката како да е во форма на лажица, доволно затворена за да го заштитиш песокот и доволно отворена истиот да биде слободен“.
Момчето направи токму како што му беше кажано и песокот остана на дланката, доволно заштитен од ветрот и доволно слободен да не се лизне од прстите.
„Така се чува љубовта.“– одговори мајката.