Како совршено да здиплите чаршаф со ластик, за само 1 минута
Една асистентка за продажба на производи за домаќинство, сподели една многу практична техника за диплење на чаршаф со ластик, која притоа ќе ви одземе само 1 неверојатна минута.
Крис, која работи во Ејдерс, во Квинсленд, продавница наменета за производи за домаќинството, на својот Фејсбук профил сподели видео во кое го објасни својот практичен и притоа многу генијален трик.
Таа вели дека техниката ќе ви одземе 1 минута и е значително подобра алтернатива од свиткувањето на чаршафот со ластик во топка и притоа истито се истуткува, а е нешто што повеќето луѓе вообичаено го прават, бидејќи не знаат како да се справат со навидум нескротливиот чаршаф.
Како совршено да го здиплите чаршафот со ластик
Чекор 1: Поставете ги рацете внатре, во ќошевите на пократката страна од чаршафот
Чекор 2: Земете ги надворешните ќошеви од спротивната страна и вметнете ги внатре
Чекор 3: Поставете ги рацете под свтиканите ќошеви, при што работ на чаршафот сè уште треба да биде свртен кон надвор
Чекор 4: Пресвиткајте го чаршафот на половина, притоа вметнувајќи ги превртените ќошеви во ќошевите на спротивната страна
Чекор 5: Држете го чаршафот така склопен, со вашите раце поставени под секој од ќошевите
Чекор 6: Земете ги „горните“ ќошеви и повторно свиткајте го чаршафот на половина
Чекор 7: Земете ја средината на чаршафот и извадете ја кон надворешната страна. Сега чаршафот добива облик на квадрат.
Чекор 8: Превиткајте го краткиот еластичен раб, така што горниот дел од чаршафот стане рамен
Чекор 9: Поставете го чаршафот на рамна површина. Свиткајте ја пократката еластична страна за да се создаде рамна површина.
Чекор 10: Преклопете го чаршафот во три должини
Чекор 11: Здиплете го чаршафот во форма на квадрат.
„Ете, сега ја знаете едноставната техника за диплење на чаршафите со ластик и затоа веќе нема простор за изговори“- вели Крис.
Постапката може да ја погледнете подетално ви видеото подолу: