Како течеше животот на дамата која официјално беше прогласена за „Најубавата жена која некогаш живеела“
Грета Гарбо беше нарекувана Шведска сфинга, совршенство и една од најголемите енигми на кинематографијата.
Таа сонувала да стане актерка, а кога сонот стана реалност, Грета побегна од сите и од цела јавност, изолирајќи се под лажно име. Иако филмската индустрија се обиде да изврши пристисок, Гарбо се покажа како челична и возврати со поголема сила. За кратко време, Холивуд беше на колена пред најубавата жена што некогаш живееше.
Во нејзина чест, во продолжение следуваат 10 факти кои во кратки црти го опишуваат животот на филмската легенда:
1. Гарбо не било нејзиното вистинско презиме
Нејзиното вистинско целосно име и презиме е Грета Ловиса Густавсон. Грета Гарбо било уметничкото име кое било осмислено од режисерот Мориц Стилер, а бил инспириран од името на норвешката актерка од 1920-те, Ерика Дарбо.
2. Израснала во сиромашно семејство
Грета потекнувала од сиромашно семејство, а бидејќи нејзиниот татко починал кога таа имала 14 години, Грета била принудена да работи уште од млада возраст. Работела во продавница за шешири и тогаш решила да се фотографира. За брзо време го привлекла вниманието на моделските агенции. Но, сепак се запишала на Кралската Академија за драматургија.
3. На почетокот не се вклопувала во стандардите за убавина на Холивуд
Била принудувана да слабее од режисерите, но подоцна стана синоним за безвременска елеганција со својот препознатлив изглед
4. За разлика од другите актери, Гарбо немала проблем да го прифати крајот на филмовите без звук
5. Нејзините трепки биле инспирација за познатиот Макс Фактор
Пред да стане позната, поради нестандардната убавина, луѓето околу неа сметале дека Грета треба да ги исече трепките, за да не ја прекрива сенката за очи. За среќа, Грета на ги послушала
6. Во 1950-те години, Грета била прогласена за „Најубавата жена која некогаш живееше“, од страна на Гинисовиот рекорд, поради нејзиното неверојатно симетрично лице
Сепак актерката сметала дека нејзината сестра Алва била поубава и поталентирана од неа.
7. Буквално побегнала од својата венчавка
Требала да се омажи за актерот Џон Гилберт, но актерката тогаш се шокирала од веста дека режисерот Морис Стилер починал.
8. Се пензионирала на 35-годишна возраст
9. Ѕвездата била всушност Британски шпион
Актерката го убедила шведскиот крал Густав да даде азил на 500 Евреи. Му помогнала на Нилс Бор да побегне од Германија. Хитлер ја обожавал, а често велела дека можеби требала да ја прифати неговата покана и да отиде во Германија, бидејќи тогаш би имала можност лично да го убие фирерот.
10. Грета Гарбо почина во 1990-та година
Немала деца, па нејзиното наследство го наследи нејзината внука Греј Рејсфилд. Таа била погребана во Стокхлом.