Како усните сигнализираат за здравствените проблеми?
Секој дел од човечкото тело може да сугерира за здравствената состојба. Усните ги забележуваме почесто, бидејќи секојдневно се грижиме за тоа да изгледаат добро. Но, како можат да ни помогнат? Погледнете во продолжение.
Суви и испукани усни
Ако усните Ви се често испукани и суви, тоа се должи најчесто на силен сув или студен ветер, исто така и на често лижење на усните. Во овие случај е подобро да ги негувате со соодветен балсам.
Сепак честото напукнување на усните може да биде знак за дехидрирање на организмот. Силно изразената сувост ви сугерира дека на телото му се потребни повеќе течности.
Испукани и воспалени рабови на усните
Во студените зимски денови често се забележува тоа. Но ако воспалението се задржи, може да биде знак за габична инфекција, дефицит на важни витамини и минерали. Затоа е добро да се консултирате со специјалист.
Сини усни
Посинувањето на усните секогаш се должи на ниските температури. Состојбата може да сугерира за присуството на цијаноза, недоволна заситеност на крвта со кислород или забавено движење на крвта во вените. Цијанозата може да биде локална и да влијае најчесто на периферните делови на телото како уши, нос, усни. Ако често усните ви се модринки добро е да се консултирате со специјалист.
Бледи усни
Блед усни се едни од првите знаци за присуство на анемија. Ако имате розови усни и сте забележале дека во последно време бојата им е бледа и променета, подобро е да го испитате нивото на железо во крвта.
Потечени усни
Отокот на усните може да сугерира за различни здравствени проблеми, како алергија по консумирањето на одредена храна, задржување на течности, алергија на козметика и друго. Понекогаш потечени усни се придружени со оток на јазикот, чувство на гребење во областа на грлото. Тогаш задолжително побарајте медицинска помош.