Какви лаги најчесто кажува секој хороскопски знак?
Еве кои се најзастапените лаги, кои ги кажуваат луѓето, според нивниот хороскопски знак:
Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).
1. Овен
Вие најмногу лажете за вашите способности и приказните за преживување. Како типичен Овен, обожавате да преувеличувате. Затоа сте склони да додавате измислени детали кога раскажувате, за да сето тоа изгледа попривлечно.
2. Бик
Склони сте да лажете дека сте зафатени. Во крајна сметка, вие повеќе преферирате да ја поминете вечерта дома, отколку да излезете и да запознавате нови луѓе.
3. Близнаци
Често лажете за местата кои ги посетувате и за луѓето кои ги гледате. Како Близнаци, вие обожавате да се забавувате. Како резултат на тоа, не се чувствувате приврзани кон едни одредени планови и сакате секогаш да имате избор.
4. Рак
Вие најмногу лажете за вашите чувства, односно вистинските емоции ги држите во тајност и најчесто лажете за причината кога сте нерасположени, бидејќи не сакате да биде повредени или да сте чувствувате ранливо.
5. Лав
Вие лажете, само за да бидете во право и за да вашите аргументи имаат смисла. Како Лав сте исполнети со многу гордост. Затоа, само за да се заштите себеси, лажете и покрај тоа што знаете дека не сте во право.
6. Девица
Најчесто лажете за да го добиете она што го сакате. Како Девица, вие сте неверојатно цврст карактер и сакате да го организирате вашиот живот на свој начин. Затоа најчесто лажете, да манипулирате со ситуацијата во ваша корист.
7. Вага
Вие имате склоност да лажете за да се поврзете со луѓето околу вас. Го обожавате социјалниот живот и често лажете, за да воспоставите врска и контакт. Белите лаги се вашиот порок, а дури често знаете и да ги преувеличувате вашите приказни за да им се допаднете на другите.
8. Скорпија
Како Скорпија, вие лажете за вашите мисли и чувства. Склони сте да ги држите повеќето работи за себе, а имате потешкотии да бидете отворени кон останатите, при што повеќе претпочитате да премолчите некои работи.
9. Стрелец
Често лажете за да се извлечете од некоја ситуација. Како Стрелец претпочитате да бидете слободни, а не да ве ограничуваат. На овој начин, вие лажете да се се ослободите од нешто кое не ви се допаѓа, за да ги остварите вашите цели.
10. Јарец
Како Јарец, вие лажете за вашите слабости. Се плашите од вашата несигурност, а лажете да се покажете како похрабри, отколку што навистина сте.
11. Водолија
Како Водолија, вие ја цените и поставувате вистината над сето останато. Најчесто кажувате лаги кои ви доаѓаат спонтано. Вашиот генијален ум има тенденција да го искористува најдоброто од вас и вие често лажете, кога исполнувате некој ваш план.
12. Риби
Често лажете за да ги заштитите другите, односно често лажете да ги заштитите добрите и невините луѓе, бидејќи не сакате да го гледате нивното страдање.