Какви промени настануваат во нашето тело, доколку секојдневно консумираме лук, во период од 1 година
Лукот е еден од најупотребуваните зеленчуци, кој воедно важи и за една од најздравата храна. За неговите чудесни својства се пишувало многу, а доволно зборува и фактот дека тој е главната состојка во 90% од рецептите за имунитет!
Но, што ќе се случи со вашето тело, доколку во текот на 1 година, секојдневно консумирате лук. Еден човек го направил овој експеримент и сега ќе споделува резултатите:
„На почетокот започнав да консумирам лук секое утро, на празен стомак, но тоа беше голема грешка, бидејќи по 3-4 дена се соочив со неподносливи болки во стомакот.
Не ги разбирам оние кои препорачуваат да се консумира овој зеленчук на празен стомак.“
Осознавајќи ја неговата грешка, мажот започнал да го консумира лукот навечер.
Што се променило?
„Сакам да истакнам дека во текот на целата година, ниту еднаш не се разболев, дури ниту настинка немав, а пред експериментот често знаев да боледувам на секои 2-3 месеци.“- раскажува тој.
Тоа се должи на фактот што лукот содржи сулфурни соединенија, кои меѓу другото се одговорни за остриот вкус и мирис на зеленчукот, а кои воедно му помагаат на организамот ефикасно да се избори со бактерии- патогени.
„Пред да започнам со експериментот, имав проблеми со крвта, но по редовното консумирање на лукот, овој чудесен зеленчук ги реши сите мои здравствени проблеми, ја подобри состојбата на крвта, се ослободив од хипертензијата и се подобри целокупната состојба на моето здравје.
Невозможно е да заборавам и дека консумирањето на лук помогна да се ослободам и од акните и црнките на лицето, а тоа се должи на фактот што лукот совршено се бори против сите наталожени токсини, кои ги затвораат порите на кожата“- објаснува мажот.
Според неговите зборови, тој ќе продолжи да консумира по 1 чешне лук секоја вечер, уште дополнителни 6 месеци, за да види какви други позитивни промени ќе се случат со неговото тело.