Какви психолошки проблеми открива типот на фигурата за самите жени
Иако е тешко да се поверува, но неодаменшни истражувања спроведени од врвни психолози, покажуваат дека благодарение на фигурата на телото, може многу да се открие за психолошката состојба на личноста.
Со помош на резултатите од тие истражувања, гледајќи луѓето околу себе, секој може да определи дали истите имаат некаква психолошка траума и каква.
Врз основа на анализите, психолозите идентификувале 4 форми на телото, кои откриваат разни психолошки состојби. Еве и какви:
1. Слаба фигура
Многу дами мечтаат токму за овој тип на фигура. Но, психолозите тврдат дека при истражувањето било утврдено дека поголемиот дел на жени со овој тип на фигура имаа психолошка траума и страдаат од фактот што биле отфрлени. Слабите девојки најчесто се резервирани и не зборуваат многу отворено за себе.
2. Подгрбавена фигура
Во оваа група не спаѓаат само слабите жени, туку истовремено и оние со подгрбавена фигура. По правило, со оваа се соочуваат осамените луѓе, конкретно жените кои најчесто биле отфрлени или одбиени од мажите. Може да биде и случај при кој таткото го напуштил семејството и така настанала траумата. Но, од друга страна, најчесто овие жени стануваат многу успешни во нивните кариери, тврдат психолозите.
3. Форма на пеперутка
Траумата овде настанува кај жените со облини, кои најчесто во нивното детство биле исмевани од останатите, поради својата фигура. Затоа откако ќе созреат, овие жени најчесто имаат многу комплекси и се преокупирани со нивниот надворешен изглед.
Според психолозите, најчесто истите не размислуваат да преземат нешто околу нивната фигура, туку го зголемуваат нивниот емоционален глад, при кој утеха бараат во храната.
4. Форма на круша
Најчувствителната женска фигура е онаа со форма на круша, при која најизразени се стомакот и задникот. И покрај тоа што овие жени се многу популарни меѓу мажите, овие жени се често несигурни, се плашат да веруваат и да се доверат некому, бидејќи сметаат дека ќе бидат изневерени.