Каламондинот претставува цитрусно овошје кое широко е распострането во југоисточна Азија, особено на Филипините. Но, тоа е многу повеќе од обична кулинарска состојка.

Се користи во разни пијалоци и јадења- често како одлична замена за лимонот, но тоа мало заоблено овошје во зелена боја е многу повеќе од обично.

Според неодамнешно истражување, се докажа дека есенцијалното масло од каламондин содржи моќни својства кои можат да се борат против опасниот рак и сето благодарение на присуството на високо количество на Д-лимонен, што влегува во неговиот состав.

Д-лимоненот, елемент кој се наоѓа во кората на цитрусните овошја се типични природни маслени нутритиенти познати како терапени.

Во истражување спроведено од Центарот за рак при Универзитетот во Аризона, научниците открија дека Д-лимонените се одговорни за анти-канцерогените својства на лимоновата кора, а сега за истражувањето од филипинските научници беше поставена цел да се докаже влијанието на есенцијалното масло од каламондинот и како тоа влијае врз човечките и животински клетки.

Резултатите беа објавени во списанието Industrial Crops and Products, и притоа беше откриено дека маслото од каламондинот содржи дури 93% од елементот Д-лимонен, а неговата ефикасност била тестирана врз пациент кој имал тумор, како и лабараториско глувче.

И во двата случаеви било докажано дека есенцијалното масло од каламондин делувало против канцерогените клетки т.е успешно ги уништува.

Научниците од истражувањето заклучија дека чудесното овошје може да биде ефективна алтернатива во борбата против ракот и пред се, лек по ниска цена.

Други придобивки од каламондинот

Цитрусните овошја се познати по нивната висока хранлива вредност и каламондинот не е исклучок. Најчесто се консумира како сок, а ова се другите придобивки од него:

  • Помага во губењето тежина: Има само 73 калории и одлично ги топи мастите, а го регулира и холестеролот.
  • Го зајакнува имунитетот: Содржи големо количество на минерали и витамини, особено витаминот Ц.
  • Ја прави кожата беспрекорна: Го поттикнува произведувањето на колаген и со неговото нанесување на кожата, таа се регенерира.

  • Штити од орални проблеми: Покрај тоа што ефикасно ги отстранува дамките од храната, го спречува губењето на заби, спречува кариес, крварење на непцата и гингивит.
  • Го регулира системот за излачување: Редовното консумирање на сок од каламондин помага во регулирање на функцијата на бубрезите и ги прочистува останатите органи.