Кашкавалки на „мрзелив“ начин – Потребни ви се 2 јајца и половина кисело млеко, за брзо време ќе добиете цел куп
Дали имате омилен рецепт за закуска? Доколку не, пробајте ги следните лесни и вкусни домашни кашкавалки, кои се неверојатно меки и идеални за да го започнете вашиот ден.
Кашкавалки на „мрзелив“ начин
Дали имате омилен рецепт за закуска? Доколку не, пробајтеги следните лесни и вкусни домашни кашкавалки, кои се неверојатно меки иидеални за да го започнете вашиот ден.
Servings: 4
Ingredients
- 200 гр кисело млеко
- Половина кафена лажица сода бикарбона
- 2 јајца
- 2 супени лажици масло за готвење
- 420 гр брашно
- Половина пакетче пециво
- 180 гр кашкавал
- 40-50 гр путер
Instructions
- Претходно извадете ги сите состојки на собна температура.
- Исипете го киселото млеко во сад и додадете ја содата.Добро измешајте ги состојките. Следно, додадете ги двете јајца (без еднатажолчка, која подоцна ќе послужи за премачкување), маслото за готвење и повторноизмешајте.
- Постепено додадете го брашното, измешано со пецивото изамесете меко тесто. На работна површина со брашно, обликувајте го тестото воформа на правоаголник. Одозгора нанесете изрендан кашкавал и мали парчињапутер.
- Од кашкавалот и путерот одделете мало количество зананесување одозгора на крај. Завитакјте го тестото во форма на правоаголник иисечете на дебели парчиња. Подредете ги во соодветен сад за печење, во којпретходно е поставена хартија.
- Изматете ја преостанатата жолчка со малку кисело млеко исо добиената смеса премачкајте ги кашкавалките. Одозгора нанесете повторномалку кашкавал и путер. Испечете ги во претходно загреана рерна на 200°C за 20 минути, до добивање златна боја.