„Кашлав премногу, никаков сируп не помагаше, сè додека баба Милка од соседството не ми кажа за овој домашен рецепт“
Доколку моментално се соочувате со здодевна и исцрпувачка кашлица, која веќе ви го отежнува секојдневнието, тогаш веднаш решете го овој проблем на лесен и притоа и вкусен начин!
Станува збор за домашен крем од банани, кој важи за моќно природно средство против кашлица, а притоа неговите својства имаат и пријатен ефект врз дигестивниот систем. Во продолжение прочитајте како истиот уште веднаш да го приготвите.
Домашен крем од банани против кашлица
Потребни состојки
- 2 средни зрели банани
- 2 супени лажици мед или шеќер
- 400 мл топла вода
Начин на подготовка
Излупете ги бананите и добро истолчете ги, користејќи вилушка или лажица. Следно додадете го шеќерот и добро измешајте ги состојките. Полејте ја смесата со топла вода и оставете да отстои 30 минути.
Доколку додавате мед, тогаш истиот додадете го на крајот, кога смесата ќе се излади. Доколку претпочитате, смесата може да ја прецедите пред цедалка, но не е задолжително.
Начин на употреба
Пред употреба секогаш затоплете ја смесата и консумирајте ја истата 4 пати дневно (околу 100 мл), а секој ден е потребно да направите нова доза. За неколку дена, вашата кашлица ќе престане, без притоа да ви требаат скапи лекарства.