Овој домашен лек против кашлица е одличен за вашите деца. Нема потреба од купување на скапи сирупи и лекови, затоа што овие две состојки се ефикасни но и евтини.

Се што вие потребно е мед, по можност да е домашен и црна ротквица.

Подготовка
Првин издлабете ја средината на ротквицата и потоа додадете го медот. Не ја полнете ротквицата до горе, затоа што подоцна ќе пушти сок. Нека преноќи, на собна температура, во чинија или пак поширок филџан. Добиениот сируп процедете го во филџан.

Давајте го на вашите најмили на 1-2 часа во денот, или кога ќе забележите дека имаат напад на кашлица, или пак пред спиење. Овој лек е одличен за сите и целосно е природен.