Кажете им збогум на дамките и флеките! Еве како облеката ќе стане совршено чиста!
Сите ние користиме различни препарати за перење облека, но ајде да ја кажеме вистината – повеќето од нив се неефикасни, а оние кои добро си ја вршат својата работа, се скапи. Понекогаш се чини дека ниедно средство не може да ги исчисти тврдокорните дамки од облеката – може да се обидеме со сè што имаме, но дамките ќе останат таму, додека облеката се расипува од хемикалиите.
Не треба да се грижите повеќе – ние ќе ви покажеме 3 природни состојки кои брзо и лесно можат да ги отстранат дамките од Вашата облека!
Aспирин
Дали знаете дека аспиринот може лесно да ги елиминира дамките од облеката? Изронете 6 аспирини и ставете ги во сад со вода, потоа натопете ја извалканата облека во смесата и почекајте 30 минути. Потоа перете, како и обично! Нема дамки!
Сода бикарбона
Сода бикарбона е со многу корисна, помага и при отстранување на дамки од облеката. Додадете чаша сода бикарбона во 4 литри млака вода. Потоа натопете ги Вашите алишта во смесата само неколку минути пред да ги перете. Покрај отстранувањето на дамки, оваа смеса ќе ја освежи оригинална боја на облеката.
Оцет и лимон
Измешајте малку оцет и лимонов сок во еднакви количини, а потоа користете ја смесата за да ја исперете облеката и да ги отстраните дамките. Оваа мешавина е одлична за белите алишта – ќе ги направи бисерно бели. Исто така, ако има дамки од ‘рѓа, само исцедете на дамката половина лимон. Оставете да делува неколку часа и перете. Дамките ќе исчезнат и природната боја на облеката ќе се врати.
Испробајте некој од овие природни препарати и ќе бидете изненадени од резултатите!