Кажете им збогум на вишокот масни наслаги на бутовите со техника од 5 минути дневно, која трае 3 недели
„Неодамна сретнав една пријателка, која што видливо беше ослабната во пределот кај бутовите. Бидејќи знаев дека не оди во теретана, ја прашав, а таа ја сподели нејзината тајна.“
Како да ослабнете во пределот на бутовите
Техниката, која доведува до неверојатни забележителни резултати, е разработена од американскиот тренер Трејси Андерсон. Изведувањето на комбинацијата од неколку вежби е многу лесно, при што може да го направите пред да заспиете, без дури да мора да станувате од вашиот кревет. Успехот на крајните резултати ќе зависи од тоа колку редовно ја практикувате техниката.
По 3 недели од третманот, мускулите се затегнуваат, а нозете стануваат визуелно послаби. Овие 5-минутни вежби ефикасно делуваат и во затегнување на грбот и предниот и заден дел на бутовите.
Потребно е вежбите да ги изведувате на рамна површина. Создадете си навика да ги практикувате пред спиење, па дури и во пижами.
Техника од 4 кратки и лесни вежби
Заземете првобитна положба: Легнете на грб и поставете ги рацете до вашето тело, а нозете треба да ви бидат исправени. Следно, свиткајте ги нозете кај колената, а потоа вратете се во првобитната положба. Доколку имате потешкотии со изведувањето, тогаш поткрепете го телото со вашите раце. Повторете 10 пати.
Доколку правилно сте ја направиле вежбата, ќе почувствувате топлина во нозете и благо трнење.
Одморете 20 секунди и подгответе се за втората вежба. Првобитната положба е слична како кај првата вежба. Разликата овде е што нозете треба да ги свиткувајте поединечно т.е наизменично. Повторете 10 пати.
Не заборавајте да одмарате меѓу секоја вежба. За изведување на третата вежба, легнете на грбот, со нозете кренати нагоре и притоа започнете да мавтате наизменично и побрзо со истите. Повторете 10 пати, а следниот ден обидете се тоа да биде 20 пати.
Четвртата вежба се однесува на повторно започнување во истата положба, легнати на под. Кренете ги нозете и обидете се да ги вкрстите, односно да ги приближите една до друга и да ги споите кај стапалата. Раширете ги колената и обидете се да се задржите во оваа положба неколку секунди. Повторете 10 пати со потребните паузи.
Здравиот начин на живот е многу важен. Но, не секој од нас има пари за теретана со личен тренер. Слабеењето на нозете и бутовите е возможно, само потребно е да не бидеме мрзеливи и оваа уникатна техника да ја практикуваме редовно.
Истовремено, не заборавајте на правилната исхрана, бидејќи според Андесон, дека техниката нема да ни ги даде посакуваните резултати, доколку консумираме премногу тесто и благо.
За зголемување на видливоста на резултатите, техниката може да продолжите да ја практикувате и 7 недели.