Во Бразил има 92-годишен лекар, кој им помага на сиромашните семејства, без пртиоа да им наплаќа за неговите услуги. Неговото им е Ајри Фонтура, а со неговиот гест го воодушеви светот.

Во 1951-та година завршува Медицински факултет во Парана, а по 68 години работа тој се пензионира, но не престанува да работи.

Д-р Фонтура сега ги посетува децата кои потекнуваат од сиромашни семејства и секој Понеделник и Четврток, бесплатно ги прегледува. „Ќе работам додека можам!“ – вели стариот лекар.

Ајри е неверојатно скромен човек, кој обожава да помага на останатите, независно од нивната раса или материјална состојба.

„Тој има огромно срце и едноставно живее за да помага на другите. Мојот сопруг сака децата да имаат здрав и достоен живот.“- вели неговата сопруга Ана.