Ќе ви одземе точно 2 минути да се ослободите од острата болка во долниот дел од грбот, еве и како
Болката во долниот дел од грбот може да настане од разни причини. Понекогаш тоа може да биде индикатор за сериозни нарушувања во телото, а понекогаш може резултат на ненадеен физички напор или предолго неудобно седење.
Следните 2 едноставни вежби, чие практикување ќе ви одземе 5 минути, ќе ви помогнат брзо и лесно да се ослободите од оваа непријатна остра болка во долниот дел од грбот, по кои ќе се чувствувате неверојатно опуштено.
Темпото на изведување на вежбите е бавно, односно не треба ниту да се брзате, ниту да вложувате тежок напор. Времетраењето на секоја вежба поединечно е 1 минута.
Вежба бр. 1
Почетна положба: Седнете на стол и исправете го вашиот грб, а со нозете свиткани кај колената, образувајте прав агол, како класично седење на стол. Поставете ја ногата, од страната која ве боли, врз спротивната нога, како што е прикажано на фотографијата.
Поставете ги и рацете врз свитканата нога и бавно наведнете се кон напред, колку што најмногу можете. Спушетете ги рацете и задржете се во оваа положба 30 секунди, а потоа бавно вратете се кон назад, менувајќи ја позицијата на ногата и повторно правејќи ја вежбата.
Вежба бр. 2
Почетна положба: Легнете на грб и исправете ги нозете. Потоа, прекрстете ги нозете, така што едната да биде врз другата. Фатете ги нозете со вашите раце и со нивна помош, обидете да ги приближите до градите најмногу што можете, од страната каде најмногу ја чувствувате болката. Чувствувајќи го притисокот во мускулите, останете во оваа положба 30 секунди, а потоа опуштете се и вратете се во почетната позиција.
Одморете, а потоа повторете ја вежбата со менување на позицијата на нозете, при нивното прекрстување.