Ќе заштедите многу пари доколку го исечете аголот од сунѓерот за чистење, а еве и зошто
Дури и редовно да го перете сунѓерот по неговата употреба, да го чистите со сода бикарбона, оцет или други средства за чистење, нема да успеете да го продолжите неговиот животен век.
Сите овие процедури едноставно не се во состојба да го уништат големиот број бактерии, кои веќе се наталожиле за време на користењето на сунѓерот.
Но, дали знаете дека постои начин да заштедите пари од постојаното купување на нови сунѓери за чистење? Во продолжение откријте за што конкретно станува збор.
Доколку не можете да го исфрлите стариот сунѓер, едноставно исечете го неговиот агол и веќе не го употребувајте за миењето на садовите. Зошто? Само за да не заборавите и повторно да измиете некој сад со истиот?
Не! Сунѓерот со исечен агол ќе остане долго во вашето домаќинство, но веќе нема да миете садови со истиот, туку сега ќе можете да го бришете подот и печката со него.
Сунѓерот со исечен агол сега ќе ви послужи за многу други разни цели. Вака направениот сунѓер секогаш чувајте го под вашиот мијалник и кога ќе биде потребно исчистете ги со истиот предметите во домот како корпата за отпадоци, тоалетната школка, велосипедот, валканите чевли и многу други работи.
На овој начин ќе го разликувате сунѓерот од оној за миењето садови, а воедно ќе заштедите пари за купување други сунѓери за сите овие предмети.