Кејт и Меган блеснаа во елегантни и нежни модни комбинации во сина боја: На која од војвотките ѝ стои подобро?
Што и да направат војвотките од Сасекс и Кембриџ, нивното меѓусебно споредување е речиси неизбежно од страна на медиумите и општо јавноста.
Тие се прекрасни, секогаш елегантни и омажени за синовите на принцезата Дијана. Светот умеат секогаш да го освојат со нивната скромност, независност и силен дух.
Случајност или не, по повод нивното појавување на еден неодамнешен официјален настан, обете војвотки избраа да облечат модна комбинација во темносина боја.
На вас оставаме да бидете модното жири и да пресудите: Која од војвотките изгледа подобро?