Кејт Мидлтон ги откри првите зборови на нејзиниот најмал син, принцот Луј
Принцот Луј е најмалото дете на војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Иако е на само 1-годишна возраст, малиот принц предизвикува медиумско внимание каде и да се појави.
Кејт споделува дека Луј обожава да ги следи своите родители наоколу и дека секогаш е весел и расположен за игра.
Неодамна војвотката откри дека нејзиниот најмал син започнал да зборува на почетокот на овој месец, а неговиот прв збор, на изненадување е името „Мери“. Всушност веќе може и целосно да изговори Мери Бери, популарна англиска готвачка.
Исто така, принцот Луј веќе може да изговори и зборови како „јас“, „мене“ и слично.