Кејт Мидлтон со најубавиот фустан досега, во кој изгледа како арапска принцеза од „1001 ноќ“
Денес повторно ќе зборуваме за омилената војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон. Како што веќе најверојатно знаете, таа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се во официјална посета на Пакистан.
Додека трае посетата, Кејт не престанува да го изненадува светот со нејзиниот неверојатен моден вкус, како што пред неколку дена се појави во чудесен смарагден фустан, оддавајќи почит на принцезата Дијана.
Овој пат војвотката блесна во моден дизајн со кој наликува на арапска принцеза од „1001 ноќ“. Кралскиот пар ја посети една од најголемите џамии во Пакистан, џамијата „Бадшахи“, во Лахор.
Претходно, Кејт и Вилијам го посетија Читрал, место при кое честите излевања од ледничките езера ги принудило илјадници луѓе да ги напуштат своите домови. Во таа пригода, Кејт носеше традиционална хитралска шапка, носена од покојната принцеза Дијана.