Кина воведе необичен законо што им забранува на луѓето да порачуваат премногу храна и да снимаат видеа со прејадување
Луѓето во Кина сега ќе бидат на милост и немилост на законот ако нарачаат премногу храна или направат видеа со прејадување.
Минатата недела Кина спроведе закон со кој треба да се намали отпадот од храна. Новиот закон е воведен откако претседателот Си Џинпинг го нарече отпадот од храна „вознемирувачки“ проблем. Понатаму, земјата ги забрани Мукбанг видеата кои покажуваат како луѓе се прејадуваат на интернет.
За да се решат проблемите со прејадување и недостиг на храна, Кина воведе проверки за отпад од храна во трпезариите на компаниите и спроведе политика „N-1“ што значи дека бројот на јадења треба да биде помал од бројот на гости. Исто така, некои ресторани започнале да нудат помали порции на нивните менија за да се прилагодат на новите правила.
Покрај правилата за консумирање многу храна, забранети се видеа и маркетинг кампањи што содржат или промовираат прекумерно јадење.
Новиот закон предвидува парична казна до 1.550 долари за ресторани што фрлаат премногу храна и 16 000 долари за медиумски компании што промовираат прејадување. Една пекара во источниот град Нанџинг веќе се соочи со првото предупредување според законот за отпад од храна. Пекарата, наводно, фрлала печива што „не изгледале убаво“ или не се продавале истиот ден кога се правеле.
Овие мерки изгледаат строги, особено кога САД трошат скоро двојно поголема количина на храна (66 милиони тони). Сепак, јасно е дека Кина се подготвува за најлошо сценарио за недостиг на храна и се обидува да го искорени растечкиот тренд со прејадување на интернет.