Кисело млеко, компири, 3 дена и 3 кг помалку – Безвременска диета која секогаш дава успешни резултати
Мислењата дека компирите дебелеат се сосема погрешни. Овој зеленчук содржи многу витамини и минерали, поради хранливите влакна, компирите се идеални за забрзување на дигестијата и работата на цревата.
100 грама компири содржат 75 калории, што е помалку од 1 чаша сок од портокал, во која има 90 калории. Од друга страна, киселото млеко, кое е втората важна компонената на оваа лесна диета, ја регулира работата на дигестивниот систем, со што ги отстранува вишокот течности, токсини и други штетни материи од организамот.
3-дневен план на исхрана
Ден 1
- Појадок: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
- Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
- Вечера: 2 шолји кисело млеко
Ден 2
- Појадок: 1 шолја кисело млеко
- Ручек: 2 варени компири без сол и 1 шолја кисело млеко
- Вечера: 1 варени компир без сол и 1 шолја кисело млеко
Ден 3
- Појадок: 1 варен компир без сол
- Ручек: 1 варен компир без сол и 1 шолја кисело млеко
- Вечера: 1 шолја кисело млеко