„Клинец од распнувањето на Христос“ е пронајден во кутија во тајна просторија во чешки манастир
Непроценливи христијански мошти се откриени во тајна просторија на еден манастир, кој наводно вклучува клинец што бил користен при распнувањето на Исус Христос.
Археолозите кои работеле во манастирот Милевско во Чешка пронашле парче клинец долг 15 сентиметри во кутијата украсена со златен крст од 21 карати. Кутијата е изградена помеѓу 260 и 416 година од новата ера и на истата се испишани буквите „IR“, што во превод значи „Исус е цар“.
Скриената ризница, според експертите, била искористена за да се сокријат ретките артефакти од рациите на хуситските трупи на почетокот на 15 век.
Истражувачите кои ја истражувале просторијата велат дека не можат да потврдат дали клинецот потекнувал од „Вистинскиот крст“, но истакнуваат дека откритието е дури и поголемо од споменикот на Свети Мавриј.
Откриени се и десетици клинци кои се поврзани со распнувањето на Исус, што ги наведува научниците да бидат скептични во врска со неодамнешното откритие. Јиржи Синделаш, кој учествувал во откритието, велу: „Бидејќи Хусите ја уништија архивата, немаше информации дека такво нешто има тука“.
Тој додадева дека автентичноста на клинецот ќе биде проверена од други научни експертизи следната година.
Неколку месеци археолозите работеа во манастирот Милевско и неодамна открија таен премин што водеше до ризницата. Манастирот бил изграден во 1187 година, но бил заробен од Хусите во 1420 година и бил преземен од благородништвото на групата. Сепак, пред да го изгубат своето место, тие изградија тајна просторија за да сокријат ретки и непроценливи артефакти.
Откако ја анализирале кутијата преку радиојаглеродно датирање, тимот открил дека е направен со два вида дрво. Дрво од ариш, кое е типично за суптропската клима во Израел, датира од 1290 до 1394 година н.е. Вториот примерок, кој е даб, е откриен дека потекнува од 260 до 416 година н.е.