Ќофтиња со варени јајца на кралски начин – повкусни нема! Брзи, сочни и евтини!
Овие кралски ќофтиња се со изненадувачки мек и сочен вкус. Згора на сè истите се евтини и лесни за приготвување, воедно и одличен начин како да ги искористите велигденските јајца.
Ќофтиња со варени јајца на кралски начин
Овие кралски ќофтиња се со изненадувачки мек и соченвкус. Згора на сè иститесе евтини и лесни за приготвување, воедно и одличен начин како да гиискористите велигденските јајца.
Servings: 4
Ingredients
- 8 варени јајца
- 200 гр мелено месо
- 150 гр сирење
- 2 чешниња лук
- 1 живо јајце
- 2 супени лажици путер
- По желба сол и мелен црн пипер
- Колку што е потребно лебни трошки и масло за пржењето
Instructions
- Излупете и ситно изрендајте ги јајцата, а потоа доброизмешајте ги со изренданото сирење и меленото месо. Додадете ги изгмечениотлук, живото јајце и растопениот путер.
- Зачинете со сол, мелен црн пипер и зачини по ваш вкус.Може да додадете и ситно исечен магоднос или копар и добро измешајте ја целатасмеса.
- Со мокри раце оформете ги ќофтињата и похувајте ги на класиченначин, во лебни трошки, во загреано масло. Сервирајте ги ќофтињата со вашатаомилена салата.