Кога 6 знаци кои покажуваат дека ќе се случи микро-мозочен удар, но ние често ги игнорираме
Секоја минута за време на мозочен удар, човечкиот мозок губи близу 2 милиони клетки, а секој изминат час без соодветна лекарска помош, мозокот старее како за период од 3 и пол години.
Заздравувањето по мозочен удар е долг процес, а често пациентите од истиот никогаш не се опоравуваат целосно.
Колку понавремено се укаже лекарска помош, толку тоа подобро и значително позитивно ќе влијае врз подоцнежниот процес на заздравување. Но, истовремено од клучна важност е да знаете и кои се предупредувачките знаци- индикатори дека следува мозочен удар, за да навремено направите лекарски преглед,.
6 симптоми на остар мозочен удар, кои често ги игнорираме
1. Проблеми со видот
Многумина веруваат дека доколку започнат да гледаат двојно или заматено, или едното око започнува да ја откажува својата функција, дека тоа се должи на на исклучителен замор или старост.
Сепак, нарушувањето на видот е исклучително ретка појава, кога причината е замор. Блокираните крвни садови за време на мозочен удар го намалуваат присуството на кислород во очите, што доведува до појава на овие симптоми.
2. Трнење на рацете
Доколку се разбудите и почувствувате трнење во рацете или нозете, најверојатно веднаш ќе помислите дека причината за тоа е бидејќи претерано сте ги притиснале нервите за време на спиењето. Секако, не е потребно да станете хипохондрици и веднаш да побрзате кон болницата.
Сепак, доколку ваквото чувство на трнење продолжи да трае извесен период т.е период од повеќе од неколку минути, тогаш потребно е да побарате лекарска помош. Намалениот крвен притисок при артеријата кој преминува преку ‘рбетниот столб до главата, е главната причина за трнење или слабост во едната половина од телото.
3. Нарушување при зборувањето
Некои лекарства, како оние против болка, може да предизвикаат нарушувања при говорната способност, при што личноста може да започне да зборува нејасно.
Но, доколку не сте примале такви лекарства и одеднаш сте се соочиле со ваква нарушена функција при говорот, потребно е да побарате лекарска помош, бидејќи тоа може да биде класичен симптом на мозочен удар.
4. Дезориентација
Сите знаат дека по неколку чаши алкохол, човек лесно може да го загуби чувството за ориентација и да се соочи со нарушено движење, односно се соочи со отсуство на рамнотежа.
Но, доколку не сте консумирале алкохол, а сепак вашата способност за ориентација е нарушена и постојано се чувствувате зашеметено, тогаш не чекајте симптомот самиот да помине, туку обратете се на лекар.
5. Проблеми со паметењето/ Заборавање
Нормално, на секој од нас му се случило, некогаш при вообичаен разговор, да заборави на некој збор, да чувствува дека му е на врвот на јазикот и да не може да се сети и да го каже.
Во такви моменти, внимателно анализирајте ја ситуацијата и размислете, дали сте започнале да заборавате многу повеќе зборови од вообичаено? Доколку одговорот е „да“, тогаш потребно е да го посетите вашиот лекар.
6. Главоболка
Според статистиката, 60% од целокупното население во светот, се соочува со редовна главоболка, а секој трет човек страда од мигрена.
Мигрената може понекогаш да биде слична со симптомите на мозочен удар и често овие две состојби се мешаат, но доколку претходно сте немале искуство со ваква главоболка, а која пропратена со некој од другите горенаведени симптоми, не се двоумете и посетете лекар.
Не заборавајте никогаш да се грижите за себе и за своето здравје!