Кога е тешко да резервираш ресторан за свадба треба да станеш креативен како овие нуркачи
Една од првите подводни свадби се одржа во Велика Британија.
Лиза Хугинс и Крис Џексон станаа сопруг и сопруга во средата, 8 септември, во авантуристичкиот центар „Беар Грилс“ во Бирмингем, додека беа во аквариум од 864.000 литри.
Наместо да се венчаат со пријателите и семејството и да прослават во ресторан, двојката одлучи да се венча пред еден куп риби, корални, па дури и ајкули.
Г -ѓа Џексон рече дека првично планирале да се венчаат во Кипар, но поради ограничувањата за „Ковид“, двојката не можела да патува.
Таа вели:
„Ние трениравме да бидеме нуркачи заедно, па тоа е еден вид на патување што го започнавме заедно, така што стапувањето во брак беше само уште еден дел од тоа патување, нашето нуркачко патување“.
Подводната венчавка можеби не е прв избор за секого, но е дефинитивно интересна приказна која ќе ја раскажувате на внуците.