Кога ќе ја изгубиш својата мајка, исто како да си изгубил дел од себе
Љубовта на мајката кон нејзините деца не може да се спореди ниту да се изедначи со ништо, бидејќи е безусловна, без граници, целосно подарена, со висока цена на многу солзи и грижи, бидејќи никој друг како мајката не тагува и не се радува за децата.
Љубовта на мајката не згаснува дури ни тогаш кога нема повеќе да види едно од своите деца. Мајката е првата личност, со кого стапуваме во контакт на овој свет и со која најпрво поминуваме најголем дел од времето. Таа е твојата заштита, твој приврзаник и твоја најпосветена душа.
Мајчинството е работа за цел живот.
Колку пати мајката плаче во тишина, грижејќи се за нејзините деца? Заради здравјето, маките и проблемите во семејството? Колку пати се само има молено за доброто на сите најблиски? Дури и кога пораснуваме и се соочуваме со сопствени проблеми, мајката и понатаму продолжува да се грижи за нас.
Мајката нè сака со сето нејзино срце, без да бара нешто за возврат.
Доколку сте ја изгубиле својата мајка, знаете колку е тоа болно. Иако со текот на времето болката станува за сосема малку полесна, чувството дека недостасува никогаш не престанува.
Мајките се најмоќните луѓе на светот. Тие се грижат за нас, дури ни кога никој друг не се интересира и секогаш се тука да ни помогнат, без разлика што и да се случи. Дури и кога правиме глупави нешта, тие остануваат покрај нас, во наша близина и ни помагаат да ги надминеме сите животни потешкотии.
Смртта на мајката е премногу тешка. Загубата на сакана, ценета, на најблиска личност, загубата на мајката е душевна рана што ни после многу години не заздравува.
Нема потреба да чекате сето да се врати по старо. Преживувањето на ненадминливи загуби нè прави позрели. Останатите луѓе, со кои се обидувате да разговарате за вашата мајка, го напуштаат разговорот, бидејќи не знаат како да ве утешат. Но, во ваква ситуација, не постојат утешителни зборови.
Едноставно само треба да бидете слушнати, да ви се даде поддршка, а луѓето околу вас стравуваат дека ќе кажат нешто погрешно, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата.
Најмалку вашата мајка сакаше да предизвика мака со нејзиното заминување. Помислете што би ви кажала, доколку ве видеше дека страдате?
Потсетете се што обожаваше вашата мајка да прави со вас. Таа заминала, но ви ја оставила целата нејзина љубов. Таа била ваш благослов.
Но, најважното од сè е да ја цените вашата мајка додека е сè уште жива. Јавете се, кажете колку ја сакате, помогнете доколку ја бара вашата помош. Никогаш во животот нема да имате друга личност која ќе ве сака повеќе од вашата мајка!