Без јајца без брашно и без печење. Одличен рецепт за чоколадна торта со банана!

Состојки:

  • 2 големи зрели банани
  • 100 гр сецкани ореви
  • 60 гр какао
  • 100 гр масло (може и кокосово)
  • 4 лажици мед
  • ванилин шеќер
  • половина лажичка цимет
  • малку сол

Подготовка:

Измешајте ги рачно или со миксер состојките додека не добиете мазна смеса. Добиената смеса истурете ја во сад во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Покријте и ставете го колачот во замрзнувач за половина час. Извадете ги и исечете го на коцки.

Уживајте!