„Кога немам време за готвење, ги маринирам модрите домати и тие за 15 минути се готови- Превкусни и лесно пикантни“
Маринираните модри домати се едноставно совршената комбинација во секое време, за секоја пригода. Лесни за приготвување, а притоа превкусни, слатко-кисели и лесно пикантни.
Денес ви откриваме како да го подготвите овој специјалитет за само 15 минути.
Потребни состојки
- 3-4 модри домати
- 2 супени лажици масло за готвење
- 1 кафена лажица мед
- 3 супени лажици сок од лимон
- 2 супени лажици соја сос
- Зачин по ваш вкус (Во овој случај, магдонос и нане)
Начин на подготовка
Најпрво измијте ги модрите домати и без да ги лупите, исечете ги на дебели кругови, а потоа секој круг исечете го на 4 дела. Поставете ги круговите во чинија и ставете ги во микробранова рерна во времетраење од 5-7 минути, потоа извадете.
Во однос на маринадата, во длабок сад додадете го маслото за готвење, веднаш потоа сосот од соја, лимоновиот сок и медот, притоа по желба додадете на крај и зачини. Добро измешајте ги состојките, а потоа смесата нанесете ја врз модрите домати.
Оставете ги модрите домати на пониска температура да отстојат во маринадата за половина час, но и по изминати 15-тина минути, специјалитетот може веќе да го консумирате.
Колку повеќе модрите домати ќе останат во маринадата, толку повкусни ќе бидат.