„Кога перам крпи и алишта, во машината додавам топки предиво- Го заменуваат секој омекнувач и го забрзуваат сушењето“
Кога станува збор за перењето, во секој дом се користат различни техники и трикови. Денес ви откриваме една нова итрина, која ќе ви го олесни секојдневието и која мора да ја пробате!
Генијалните домаќинки, при перењето поставуваат 3 или 4 топки предиво во машината, со големина на тениско топче и така решаваат неколку проблеми одеднаш.
Кога се пере на овој начин, не е потребно да додавате омекнувач, бидејќи самите топки предиво ги омекнуваат материјалите и им даваат пријатен мирис. Второ, облеката исперена со предиво се суши двапати побрзо, а трето, облеката нема да се наелектризира и ќе се сочува нејзиниот изглед.
Како да го употребите предивото?
Потребно ви е обично предиво, кое може да го најдете во секоја соодветна продавница наменета за материјали. За да направите топка од истото, намотајте го конецот 20 пати околу вашите прсти, како што е покажано на фотографијата. Потоа извадете го намотаниот конец од прстите и продолжете да го намотувате исто 20 пати, но во различна насока.
Продолжете додека конецот не стане колку едно тениско топче.
За да вашите алишта мирисаат пријатно, додадете неколку капки етерично масло врз топките предиво, а потоа поставете ги во хулахопки. Потребно е да поставите 3-4 топки предиво во хулахопките и да ги зацврстите со конец.
Резултатот ќе биде извонреден и исто како да се користеле омекнувач.