Кога се родија, никој не веруваше дека се близначки, а еве како изгледаат сестрите 20 години подоцна
Природата никогаш не престанува да изненадува, со генетските ремек-дела што ги подготвува. Овие две близначки од В.Британија несоменено привлекоа огромно внимание, бидејќи едната има бела, а другата темна боја на кожата.
Девојчињата Луси и Марија Ајлмер се родени во 1997-та година. Нивниот татко е со бела боја на кожата, додека пак мајка им е носител на јамајкански гени. Сестрите навистина имале интересен живот како помали, а понекогаш дури морале да ги покажат своите изводи на раѓање за да докажат дека тие навистина се сестри, и тоа близначки.
„Никој никогаш не веруваше дека сме близначки, а некои и денес не веруваат, бидејќи јас сум бела, а Мери црна. Дури и кога сме исто облечени, не не перцепираат како сестри, а уште помалку како близначки“- објаснува Луси.
Дона Даглас, мајката на девојките се присетува како изгледал денот на нивното раѓање: „Тоа навистина беше шок. Знаете, при прегледите, вие не можете да ја видите бојата на кожата на вашето дете. Кога акушерката ми ги даде, останав без зборови“- вели Дона.
Девојките не само што се разликуваат по надворешниот изглед, туку и имаат спротивни карактери и афинитети. Луси, која има црвена коса и бела кожа го обожава дизајнот и веќе е запишана на колеџот Глостар. Мери пак, има кафеава коса, темна кожа и ја изучува психологијата на колеџот Челтнем.
Близначките имаат и други браќа и сестри, кои исто така имаат различна боја на кожата.
Денес Луси и Марија се сè уште прекрасни девојчиња, сега веќе возрасни девојки, секоја впечатлива и препознатлива по својот различне стил: