Кога ви се јаде нешто благо, а сте на диета, ова е совршениот рецепт за вас
Со постојаното седење дома, во еден момент едноставно ни станува здодевно и избираме досадата да ја отстраниме со храната. Но, со грицките и чоколадите, многу брзо може да се појават и вишокот килограми.
За оваа цел, денес ви претставуваме еден уникатен десерт, со истовремено ќе ја задоволите желбата за благо, а од друга страна, истиот е диетален, па затоа нема да се грижите за вишокот килограми.
Диетален ролат со банана
Потребни состојки
- 4 оризови галети
- 30 гр ореви
- 1 банана
- 1 кафена лажица мед
- 3 супени лажици какао
Начин на подготовка
Ситно исечете ги оревите користејќи нож.
Во длабок сад, згмечете ја бананата со вилушка.
Со раце сомелете ги оризовите галети.
Исипете ги исечените ореви во медот.
Измешајте ја смесата со раце или шпатула. Истата треба да стане леплива и еластична.
Додадете малку какао кон добиената смеса.
Обликувајте ја смесата во форма на ролат, завиткајте ја во фолија и оставете ја да отстои во замрзнувачот 3 часа.
Ролатот може да го консумирате со чај или кафе.