Кои се најголемите грешници, а кои најголемите „светци“ помеѓу хороскопските знаци?
Според карактеристиките некои хороскопски знаци се повеќе подлежни кон „гревови“ додека некои сакаат да ја заземаат улогата на „калуѓерки“ и да ги советуваат другите како треба да го живеат животот на чесен начин. Оваа листа ја почнуваме од „најгрешните“.
12 место – Близнаци
Почитуваното последно место во рангирањето им припаѓа на Близнаците, за кои не постои ништо свето. Во буквална смисла: Близнаците едноставно не знаат како да размислуваат во категории “добро / лошо”, “добро / зло”, “светло / темно”.
11 место – Стрелец
Стрелецот се води според мотото „Луѓето грешат. Во овој случај, секој знае дека Стрелецот е Робин Худс во хороскопот, бранителите на срамежливите, сиромашните, понижените и навредените. Но, затоа на сите противници знае да врати безмилосно.
10 место – Лав
Лавовите се убедени дека тие се најдобри во сѐ. И бидејќи Лавовите се преправаат дека во принцип не се многу заинтересирани за она што се смета за грев, тие се обидуваат да бидат љубезни и добри, но длабоко во себе можат да се поврзат лично со ѓаволот.
9 место – Овен
Овенот е еден од најамбициозните хороскопски знаци. Според нив доколку во денот никој не се исплашил од нивниот карактер или се стресел од страв додека чекал инструкции од него е залудно потрошен ден.
8 место – Јарец
Главната цел на Јарец е да живее живот на таков начин што ќе остави колку што е можно помалку докази. Во смисла дека Јарецот, се разбира, е желен професионално признавање (во поголема мера од сите други знаци), но тука се мисли за неговиот карактер, односно колку помалку вистински го познавате Јарецот толку помирен живот ќе имате.
7 место – Вага
Вагата не може да се одлучи каде припаѓа: дали се грешници или светци, дали се паметни или убави и слично. Поради тоа тие се на последното место од „темната страна“ на хороскопот.
6 место – Бик
Биковите се првите кои ја започнуваат категоријата на „светците во хороскопот“. Ние ќе излажеме ако кажеме дека Бикот секогаш се стреми кон хармонија, но тој е подготвен да прави добрини доколку има ресурси за тоа и особено кога се работи за некоја неговата сакана личност.
5 место – Девица
Девиците не сакаат да ги сметаат за светци, туку сакаат да бидат кул како Стрелците. Во принцип, затоа што тие се растргнати помеѓу сликата на строга калуѓерка и животот на Дон Кихот. Поради тоа тие се наоѓаат на петтото место.
4 место – Риби
Рибите не само што сакаат да ги сметаат за светци туку понекогаш се однесуваат и како да се богови, а особено се добри во тоа да ги убедат луѓето во нивната добрина. Но, затоа мора да им се признае, тие можат да ги водат и „најгрешните“ знаци да направат добри работи во животот.
3 место – Водолија
Весели луѓе- ова е нивното второ име. Водолијата навистина ги сака сите околу неа, но не се води според правилото за „квалитет“ меѓу пријателите туку „квантитет“. Тие знаат да направат весела атмосфера и никогаш не би помислиле лошо некому. Тие не сакаат луѓето да мислат дека не „светци“ но сакаат да мислат дека се „добри пријатели“
2 место – Скорпија
Неочекуван пресврт! Скорпијата се наоѓа на второто место иако сите за нив мислат дека се „Принцови на темнината“. Но, кога ќе ја запознаете Скорпијата ќе сфатите дека тие располагаат со љубезност, филантропија и благородништво, кои во нашиот свет ретко се наоѓаат. Но, сепак сето ова може да биде маска, затоа што е добро познато дека Скорпиите се прилично одмаздољубиви, но секако ќе се одмаздат на „фин“ начин.
1 место – Рак
Ta-Дам! Почитуваното прво место и епитетот „светец“ во хороскопскиот знак му припаѓа на Ракот. Тие се секогаш подготвени да им кажат на луѓето доколку сметаат дека прават нешто погрешно. Раковите се подготвени да ги разберат и простат сите човечки пороци, иако самите се наводно целосно лишени од нив. Тие сметаат дека никогаш не грешат и дека на светот има многу „грешници“ кои треба да се „спасат“. Раковите никогаш нема да дозволат некој да им каже дека грешат во одредена работа.