Кој е на врвот на листата?: 10-те најчисти градови во светот, кои треба да им бидат пример на сите останати
Претерано урбаните средини, инфраструктури и загадениот воздух, може да придонесе на крај од посетата, туристите да си заминат дома со лоши впечатоци и вистинско разочарување.
За таа цел, денес чистотата и одржуваната животна средина се едни од главните точки на дискусија во туристичката индустрија, воедно и причина за загриженост, на местата каде овие особини недостасуваат.
Но, следните 10 градови го немаат овој проблем, бидејќи се прогласени за најчистите во светот!
10. Фрајбург, Германија
Еколошкото гратче во Германија е 10-от на листата на најчисти градови во светот. Прекрасниот град е опкружен со раскошно зеленило и сите тамошни жители имаат развиено сопствени еколошки стратегии, кои строго ги почитуваат. Неговиот чист воздух, планински поглед и чистота го прават вистински сон на секој турист.
9. Осло, Норвешка
Норвешкиот главен град не само што е срцето на Европа, воедно е и 9-от најчист град во светот. Неговата Влада е многу внимателна и грижлива кога станува збор за загадувањето и складирањето на отпадот. Осло е синоним за убавина и чистота!
8. Хелсинки, Финска
Главниот град на Финска бескрајно знае да ги воодушевува посетителите со неговиот раскошен пејсаж и уникатната архитектура. Градот е препознатлив по негувањето на еколошката култура и постојаната едукација дека мора секој да се грижи за чистотата на околината.
7. Велингтон, Нов Зеланд
Иако градот не е популарна дестинација меѓу туристите, неговата чиста средина остава без зборови. Со уредената и едноставна архитектура и еколошка култура, Велингтон заслужено се најде на оваа листа.
6. Копенхаген, Данска
Кога станува збор за чистота, Копенхаген ги исполнува сите стандарди, па дури и многу повеќе од тоа. Самата земја има богата култура на негување на животната средина, па Копенхаген едноставно само ги продолжил стапките на долгогодишната еколошка традиција.
5. Кобе, Јапонија
Јапонците се надалеку познати по нивната одговорност и дисциплина и затоа не пропуштаат ниту еден детаљ кога станува збор за градската чистота и заштитата на животната средина. Градот Кобе се наоѓа во близина на Осака и е прогласен за 5-от најчист град во светот.
4. Минеаполис, САД
Неговото име во буквален превод значи „водениот град“, а воедно е еден од најнаселените и најчистите американски градови. Лоциран е во близина на реката Мисисипи, а се смета дека системот на високи даноци е причината заслужна за блескавата и беспрекорна чистота на градот.
3. Хонолулу, Хаваи
Тропскиот рај и бисерот на Хаваите е 3-от најчист град во светот. Како главен град на сите тамошни острови, сите финансиски средства се сконцентрирани токму во Хонолулу. Самиот град не е многу населен, а постојано се вложува во одржувањето на неговата чистота, со што привлекува милиони туристи секоја година и така го зголемува и својот буџет. Таму отпадоците не се толерираат, но градот многу гостопримлив за сите туристи.
2. Аделаида, Австралија
Аделаида се смета за главен град на Јужна Австралија и воедно е прогласен за еден од најубавите градови за живеење. Градот е сместен помеѓу заливот Св.Винсент и планината Лофти, а еколошката култура овде се става на прво место, кога станува збор за економијата и општата култура на земјата.
1. Калгари, Канада- Најчистиот град во светот
Најчистиот град во светот е сместен помеѓу Карпестите Планини и прериите во Канада. Со две реки кои протекуваат низ иститот, Калгари заслужено се најде на врвот на оваа листа, а тоа се должи на фактот што постојано се води сметка за еколошките начини на искористување на енергијата.