Кока-Кола тестира хартиени шишиња во Европа како дел од еколошка мисија
Гигантот за газирани пијалоци Кока-Кола тестира шишиња од хартија во Европа, како дел од својата мисија да го елиминира пластичниот отпад до 2030 година.
Првиот прототип на хартиени шишиња од американската компанија ќе биде достапен ова лето преку ограничена онлајн проба во Унгарија.
Пакет од 2.000 шишиња „пијалак во амбалажа од растително потекло“ на компанијата АдеЗ ќе биде понуден преку малопродажната продавница за е-намирници Кифли.ху.
Прототипот е изработен од дрво со материјална био-базирана бариера, способна да издржи не само течност, туку и гасовите во газираните пијалоци.
Не е стопроцентно направено од хартија, прототипот вклучува пластично капаче и пластична обвивка изработена од рециклиран полиетилен терефталат.
Сепак, Кока Кола тврди дека сè уште работи на целосно шише од хартија што може да се рециклира како и секој друг вид хартија.
Компанијата вети дека ќе рециклира по едно шише или конзерва за секое шише што ќе го продаде на глобално ниво до 2030 година, како придонес во борбата против пластичен отпад и намалување на стакленички гасови.
Кока Кола минатата година, трета година по ред беше прогласена за најлош загадувач со пластика во светот, пред Нестле и ПепсиКо.
Кока-Кола соработуваше со компанијата The Paper Bottle Company (Paboco), дански стартап, на шишето за кое признават дека сè уште е „во изработка“. Спроведуваше обемно лабораториско тестирање за да се процени како хартиено шише функционира, ја држи и заштитува својата содржина.
Хартиените шишиња ќе може да се користат за други сектори, како што се козметика и домашна нега, како и газирани и негазирани пијалоци.
Минатата година, производителот на вотка, Абсолут, произведе 2.000 прототипови на шишиња од хартија, составени од 57 проценти хартија и 43 проценти рециклирана пластика, како дел од испитувањата на потрошувачите во Велика Британија и Шведска.
Данската пивара Карлсберг ги развива и првите хартиени шишиња изработени од дрвени влакна што можат да содржат пиво.