Коктел од ѓумбир и рен за топење на мастите, антивирусно и антиинфламаторно средство
Направете уште сега овој одличен лековит коктел, по рецепт на нутриционист Оз Гарсија. Овој природен лек ќе ви помогне да изгубите тежина и да останете здрави во текот на зимата. Зимата се приближува и многумина размислуваат за зајакнување на нивниот имунитет пред студената сезона и кратките денови.
Состојки
- 125 г корени на рен
- 50 г корен на ѓумбир
- 3 лимони
- 3 лажици мед
- 2 лажици цимет
Подготовка
Отстранете ја кората од корените на рен и ѓумбир. Ставете ги корените во блендер. Исечете го лимонот на мали парчиња и додајте го во блендерот. Измешајте ги состојките со блендерот додека не добиете хомогена смеса. На мешавината додадете мед и цимет. Измешајте го и ставете го лекот во стаклена тегла.
Финалниот производ треба да се чува во фрижидер. Користете една кафена лажичка два пати на ден, три недели. Мешавината на витамини ќе го подобри Вашето здравје, ќе му овозможи на телото супстанции потребни за правилно функционирање на мозокот. Неговата употреба ќе го забрза Вашиот метаболизам и природно ќе ја нормализира Вашата тежина.