Колач „3 јаболка“ – Изненадете ги вашите најблиски со најубавиот есенски десерт!
Само 3 јаболка ве делат од подготовка на најубавиот есенски десерт за оваа година! Овој јаболков колач е неверојатно вкусен и ароматичен, а самиот рецепт е супер лесен за приготвување. Едноставно измешајте ги сите состојки и поставете ја смесата да се пече.
Колач „3 јаболка“

Servings: 4
Ingredients
- 3 јаболка
- 2 јајца
- 130 гр пресно млеко
- 90 гр шеќер + 20 гр шеќер
- 180 гр брашно
- 25 гр путер
- 10 гр ванилин шеќер
- 1,5 кафена лажица пециво
- 1 прстофат сол
Instructions
- Одделете ги жолчките од белките, а потоа во длабок сад измешајте ги жолчките со 190 гр шеќер, со помош на маталка до добивање на светла смеса, Додадете прстофат сол, растопен путер, брашно измешано со пециво и измешајте до добивање соединета смеса.
- Во одделен сад изматете ги белките до добивање пена, а потоа внимателно додадете ја ванилата и повторно измешајте. Измешајте го тестото со белките и пригответе сад со дијаметар од 22 цм. Неговото дно покријте го со хартија за печење и одозгора премачкатјте со масло и додадете го тестото.
- Исечете ги излупените јаболка и подредете ги врз тестото и одозгора нанесете ги преостанатите 20 гр шеќер. Поствете го колачот да се пече 35-40 минути во претходно загреана рерна на 180°C.
- Рецептот подетално може да го погледнете и во следното видео: