Колач од јагоди – Шолја кисело млеко, 2 јајца и грст јагоди – Тајната на лесниот ароматичен десерт
Овој десерт од јагоди буквално нè тера да полудиме од неговата неодолива арома, а за вкусот едноставно можеме да кажеме дека е величествен! Може да го консумирате, па дури и ако ја држите најстрогата диета!
Колач од јагоди
Овој десерт од јагоди буквално нè тера да полудиме од неговата неодолива арома, а завкусот едноставно можеме да кажеме дека е величествен! Може да го консумирате,па дури и ако ја држите најстрогата диета!
Ingredients
- 50 гр путер
- 1 кафена шолја кисело млеко
- 2 јајца
- 1 кафена лажица сода бикаробна
- 170 гр шеќер
- 1,5 шолји брашно
- 1 прстофат сол
- 300 гр јагоди
Instructions
- Најпрво растопете го путерот. Следно, изматете ги јајцата во длабок сад, додадете прстофат сол и повторно измешајте, до добивање на смеса со значително поголем обем.
- Потоа, додадете го и шеќерот и продолжете со матење уште 5 минути. Исипете ги киселото млеко и изладениот путер и изматете ја повторно смесата, со најниска брзина на миксерот.
- Следно, пресејте го брашното, додадете ја содата и изматете го тестото со миксер, до добивање на соединета мазна смеса.
- Конзистенцијата на тестото треба да наликува на густа кисела павлака. Во сад, претходно премачкан со путер, наредете ги јагодите на дното (претходно исчистени и измиени).
- Одозгора рамномерно распределете го тестото врз јагодите и поставете го колачот да се пече околу 1 час во претходно загреана рерна на 180°C. Не заборавајте со дрвено стапче или чепкалка за заби да проверите колку колачот е готов.
- На крај, извадете го од рерна, свртете го и сервирајте го со топка сладолед или слатка павлака.