Колачите со вкус на лимон отсекогаш важат за едни од најуникатните десерти со исклучителен вкус и арома, како и лесен начин на подготовка, токму како златниот рецепт што денес ви го претставуваме.

Колач од лимон

Колачите со вкус на лимон отсекогаш важат за едни од најуникатните десерти со исклучителен вкус и арома, како и лесен начин на подготовка, токму како златниот рецепт што денес ви го претставуваме.
Total Time2 hours
Course: Десерт
Cuisine: Француска
Клучни зборови: диетален колач, колач од лимон, торта со лимон
Servings: 4

Ingredients

  • 4 белки
  • 1 прстофат сол
  • 250 гр шеќер
  • 190 гр сончогледово масло
  • 4 жолчки
  • 170 гр млеко
  • 4 супени лажици сок од лимон
  • 210 гр брашно
  • 85 гр пченкарно нишесте
  • 1 кафена лажица пециво
  • 1 кутија кондензирано млеко
  • 80 мл сок од лимон
  • По потреба кора од лимон

Instructions

  • Сите состојки е потребно да бидат на собна температура. Изматете ги белките со солта, до добивање цврста и густа смеса. Измешајте ги маслото, жолчките и шеќерот.
  • Пресејте го брашното и исипете го заедно со пченкарното нишесте и пецивото во смесата со жолчките и добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање хомогена смеса.
  • На порции, додадете ја и смесата од белките и внимателно замесете го тестото со шпатула. Загрејте ја рерната на температура до 180°C. Покријте го садот со хартија за печење и нанесете го тестото.
  • Печете 40-45 минути, а со стапче, проверете колку е готов колачот. Изматете го кондензираното млеко со сокот од лимон и оставете јасмесата да отстои 1 час во ладилникот. Премачкајте го колачот го смесата и одозгора изрендајте кора од лимон.