Колач со јаболка и кисело млеко – Златен рецепт со единствен незаменлив вкус!
Во сезона на вкусните јаболка, овој златен рецепт едноставно вреди да се проба! Се приготвува многу лесно, има вкус на кој ретко кој може да одолее, а со неговото консумирање воопшто не мора да се грижите за калориите и вишокот килограми.
Колач со јаболка и кисело млеко
Во сезона на вкусните јаболка, овој златен рецепт едноставно вреди да се проба! Се приготвува многу лесно, има вкус на кој ретко кој може да одолее, а со неговото консумирање воопшто не мора да се грижите за калориите и вишокот килограми.
Servings: 4
Ingredients
- 200 гр кисело млеко
- 200 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 2 јајца
- 2 јаболка
- 12 гр ванила
- 1 кафена лажица сок од лимон
- 1 кафена лажица пециво
- 1 кафена лажица шеќер во прав
Instructions
- Во заеднички сад измешајте ги брашното, киселото млеко и двата вида на шеќери. Добиената смесата оставетр ја да отстои 30 минути во ладилникот.
- Излупете и изрендајте ги јаболката, а потоа полејте ги со сок од лимон.
- Кон смесата додадете јајца, пециво и изренданите јаболка и добро измешајте.
- Премачкајте го садот за печење со малку масло и исипете го тестото во истиот. Печете 35-40 минути на 180°C. Почекајте колачот да се излади, а потоа одозгора нанесете шеќер во прав.