Колач со кисело млеко без грам брашно, кој жените ова лето го обожаваат
Дали сте знаеле дека повеќето рецепти со гриз датираат уште од 13-ти век? Кога состојката станала достапна за пошироката маса, тогаш гризот започнал уште повеќе да се користи.
Десертите со гриз се покажале како исклучително вкусни и многу меки. За денес ви откриваме токму еден специјалитет со гриз, кој ќе ви одземе само 40 минути, а рецепт кој е хит ова лето меѓу дамите кои го обожаваат готвењето.
Мек колач со гриз
Потребни состојки
- 200 гр гриз
- 200 гр кисело млеко
- 100 гр шеќер
- 2 јајца
- 2 јаболка
- 12 гр ванилин шеќер
- 1 кафена лажица сок од лимон
- 1 кафена лажица сода бикарбона или пециво
- 1 супена лажица шеќер во прав
Начин на подготовка
Во сад, измешајте го гризот, киселото млеко и двата видови на шеќер. Добиената меса складирајте ја во ладилникот на половина час.
Излупете ги јаболката и изрендајте ги, а потоа премачкајте ги со сокот од лимон.
Кон претходно добиената смеса, додадете ги и јајцата, пецивото и ренданата јаболка. Добро измешајте ги состојките.
Премачкајте го садот за печење со малку масло за готвење и исипете го тестото во истиот. Печете 35-40 минути, на температура од 180°C.
Оставете го колачот да се излади, додека стои во садот. Одозгора нанесете за декорација шеќер во прав.
Покрај шеќер во прав, за декорација одозгора може да додадете било што, како чоколада, слатка павлака, било што по ваша желба.