„Хроно исхраната е режим на снабдување на биолошкиот часовник со енергија со цел продолжување на неговиот животен век. ” –  Како што истакнал првиот промотер на оваа исхрана, нутриционистот Др. Алан Делабос, со помош на професорот Жан Роберт Рапин.

Често овој вид исхрана се зема во предвид како еден вид диета или начин на исхрана со цел губење на вишок килограми. Во суштина тоа е комплексен систем за продолжување на животниот век, кој докажано го штити човековиот организам од ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

Др. Алан Делабос, по потекло од Франција од 80-те години на минатиот век  работи како доктор по општа медицина. Во голем број случаи со возрасни пациенти над 60 години, тој им давал упатства како би им го продолжил животот. Во еден момент тој бил запрашан од неговите колеги, како тоа неговите пациенти живеат подолго. Тој изнел неколку совети меѓу кои повеќето биле поврзани исклучиво со исхраната.

Тој вели дека секоја храна е добра за телото, доколку се јаде во одредена количина и во одреден период од денот.  Во прилог на тоа, ова се 3 основни оброци во денот:

 

ПОЈАДОК

Појадокот треба да биде главен и најобемен оброк во денот. Треба да содржи масти, јаглерохидрати и протеини. Најдобар извор на маснотии е сирењето, но не бело, туку масно старо сирење, може и кашкавал или павлака, само да не содржат голема количина на лактоза. Потоа јајца и сувомеснато, бидејќи тие се извор на протеини. Во појадокот нема ограничување на количината, туку се јаде се додека не се засити апетитот.

РУЧЕК

За ручек се јаде месо, но во ограничена количина помеѓу 200 и 220 грама. Покрај тоа може да се јаде обарен зеленчук или јаглехидрати, но во минимални количини. Оние кои не се љубители на месо може да јадат јајца и риба.

ЗАКУСКА

Овој оброк е пожелен, но не и неопходен, како би се внеле овошни плодови и растителни масти. Тука дозволено е да се јадат ореви, авокадо, маслинки, темно чоколадо и овошни плодови.

ВЕЧЕРА

За вечера,  се јаде месо и зеленчук, дозволена е  риба и морски плодови.