Колку чекори треба да правите дневно за да бидете здрави
Според едно истражување, одењето може да го зголеми нивото на среќа, додека друго сугерира дека исто така може да нè направи попродуктивни. Но и работите што ни годат најдобро е да ги правиме умерено.
Ние сме за здрав и активен животен стил и веруваме дека одењето е една од најдобрите работи што можеме да ги направиме се додека го правиме тоа правилно!
10 000 чекори на ден – резултат на многу успешна маркетинг кампања
Без разлика дали водите здрав начин на живот или не, веројатно сте слушнале дека треба да одите 10 000 чекори на ден за да бидете здрави. Но, зошто тој број? Тој број доаѓа од јапонски педометар од 1965 година, наречен Манпо-кеи, што буквално значи „10.000 чекори“. Производот се рашири низ целиот свет и на крајот 10 000 чекори стана дневна цел за сите, а FitBit го популаризираше овој тренд во 2009 година.
Се покажа дека е премногу за луѓето.
Некои истражувања сугерираат дека 10.000 чекори би можеле да бидат добри за некои луѓе затоа што можат да го подобрат менталното здравје и да го намалат ризикот од дијабетес. Но, вистината е дека тој број всушност може да биде непотребен за повеќето, бидејќи не постои вистински доказ дека повеќе чекори носат повеќе здравствени придобивки. Значи, ако не можете да ја постигнете таа дневна цел, не се обесхрабрувајте, бидејќи многу помал број може да биде исто толку корисен за вас. 10 000 чекори на ден се многу голема цел, и не многу луѓе можат или имаат време да ја постигнат. Ова веројатно ќе има негативни ефекти врз вас на психолошко ниво.
Оптималниот број на препорачани чекори е многу помал.
10 000 стана стандардна цел и за луѓето и за фитнес-тракерите, но и одење по 4,400 чекори на ден е многу корисно вели д-р Мин Ли. Во своето истражување, таа испитувала голем број жени на возраст од 62 до 101 година. На колковите им беа поставени акцелерометри што ги следат нивните движења најмалку десет часа на ден, во период од четири до седум дена помеѓу 2011 и 2015 година.
Резултатите покажаа дека стапката на смртност кај жени кои оделе околу 4.400 чекори на ден се намалила за 41%, во споредба со оние кои изоделе само 2.700 чекори на ден. Додека жените кои оделе 7.500 чекори на ден ја намалиле стапката на смртност за 65%. Ова докажува дека помалку чекори од зададената цел е сепак добро за нас.
Како лесно да ја достигнеме нашата дневна цел
Студијата има некои ограничувања, според д-р Ли. Не ни кажува колку чекори треба да изодиме за да го подобриме квалитетот на животот или да спречиме какви било когнитивни или физички проблеми.
Неколку совети од д-р Мин Ли:
Одете по скалите наместо со лифт.
Паркирајте се на првото слободно место што го гледате, а не на најблискиот до влезот.
Излезете од автобусот една постојка пред вашата дестинација.
„Тие ситници се собираат“, вели д-р Ли. „Немојте да ве заплашува или обесхрабрува бројот 10 000“.