Колку едно бебе: Фармер на Хаваите руши рекорди со неговите градинарски дела
И фармерите имаат свои сонови и цели, а овој фармер од Хаваите веќе своите ги претвори во една голема реалност.
Ако сте голем обожавател на авокадо, запишете го хавајскиот остров Холуалоа како вашата следна дестинација.
Кенџи Фукумитсу и неговото семејство одгледуваат авокадо веќе цели 80 години и што е уште поневеројатно, е тоа што сите тие години, авокадото расте од едно исто дрво.
Дрвото било посадено од постариот брат на Кенџи, во 1941-та година и денес сè уште продолжува да раѓа плодови.
Секое авокадо тежи 3 килограми поединечно, што ги прави овие авокада најголемите во целиот свет, бидејќи просечното авокадо тежи околу 170 грама.
„Имаме толку многу. Понекогаш паѓаат премногу, па дел од нив животните ги јадат, а дел подаруваме на нашите пријатели. Воедно ако ги јадете во Ноември, тие се водени, а тоа е добро“- вели Кенџи.
Семејството Фукумитсу, покрај извонредното одгледување, прави и извонреден хуман гест. Односно, големо количество на авокадо донираат во локалниот ургентен центар.